Северна Кореја објави дека би можела да се откаже од самитот на нејзиниот лидер Ким Џонг-ун со американскиот претседател Доналд Трамп, а Би-Би-Си наведува дека Пјонгјанг го алармирале тврдењата на советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, изнесени во интервју за време на викендот, дека Северна Кореја би можела да го следи либискиот модел за нуклеарно разоружување.
Аналитичарите сметаат дека тоа го вознемирило Пјонгјанг поради познатата судбина на либиското раководство, откако Моамер Гадафи беше соборен од власт и брутално убиен.
– САД се запознати со извештаите на јужнокорејските медиуми дека Северна Кореја ги откажала планираните разговори на високо ниво со јужниот сосед – соопшти Белата куќа.