Претседавачот со рускиот Совет на федерацијата (Горниот дом на Парламентот) Валентина Матвиенко, изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун примил писмо од рускиот претседател Владимир Путин и потврдил подготвеност за официјална посета на Русија.
Матвиенко тоа го изјави по денешниот состанок со Ким во Пјонгјанг.
– Ја извршив задачата од Владимир Путин и му пренесов негова порака. Како одговор тој рече дека потврдува подготвеност и желба да дојде во посета на Руската федерација – изјави Матвиенко.