Банката за храна во Тексас донира повеќе од 270.000 килограми храна вклучувајќи и 7.280 мисирки за претстојниот празник Денот на благодарноста во САД.
Локалните медиуми пренесоа неверојатни снимки од километарски колони со автомобили кои чекаат на ред за бесплатни пакети храна со оглед на тоа што многу Американци останаа без работа поради пандемијата на коронавирусот.
Во пакетите има месо, овошје и други основни животни продукти за подготовка на 20 оброци. Слични хуманитарни акции се планирани и за следните месеци.