Киев ќе побара од другите земји да се воздржат од признавање на руските пасоши издадени на жителите на Донбас, изјави украинскиот премиер Владимир Гројсман на состанокот на кабинетот денеска, пренесува ТАСС.
– Откако украинската влада ќе ја донесе оваа одлука (за непризнавањето на руските пасоши издадени на Украинците што живеат во Донбас), ќе побараме од сите наши партнери да го сторат истото, така што граничната полиција ќе ги смета таквите пасоши за нелегални – рече Гројсман.
На 24 април рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет кој ги олеснува руските правила за државјанство за жителите на одредени региони на југоисточна Украина.
– Поединците кои постојано живеат во одредени области на регионите на Донецк и Луганск во Украина имаат право да аплицираат за руско државјанство по брза постапка – се вели во декретот.
Според документот, одлуката е донесена со цел да се заштитат човековите права и слободи врз основа на општо прифатените меѓународни закони.