Околу 80.000 луѓе се собраа денес во Барселона на митинг за поддршка на шпанското единство, а против сепаратистичките аспирации во Каталонија.
Собраните граѓани носеа знамиња на Шпанија и Каталонија, а на еден транспарент пишуваше „И ние сме Каталонци, стоп за ова лудило!“, пренесе агенцијата АП.
Денешниот митинг се организира по неколкудневните протести на каталонските сепаратисти кои повремено беа насилни. Тие протестираат против одлуката на шпанскиот Врховен суд за казна затвор за деветмина сепаратистички лидери поради обидот за отцепување во 2017 година.