Кардиналот Џорџ Пел поднесе жалба до највисокиот суд во Австралија на пресудата со која е осуден за педoфилија.
Врховниот суд на државата Викторија претходно ја отфрли жалбата на кардиналот и ја потврди пресудата со која е осуден на шестгодишна затворска казна.
Неизвесно е дали Високиот суд во Австралија, чие седиште е во Канбера, ќе се занимава со случајот на Пел.
Одлуката за тоа би можела да биде донесена после неколку месеци.
Пел, некогашeн трет човек на Ватикан, е осуден во март за сексуално злоставување две момчиња.