Канадскиот премиер, Џастин Трудо, и Либералната партија победија на парламентарните избори и ќе ја формираат следната малцинска влада, објавија канадските медиуми.
Според првичните резултати, либералите имаат 157 пратенички места – 13 помалку од 170 потребни за мнозинство во Долниот дом со 338 места.