Канадскиот премиер Џастин Трудо изврши реконструкција на Владата, при што именуваше министер за баратели на азил задолжен за десетиците илјади илегални имигранти кои влегле преку јужната граница со САД од 2017 година до сега.
Пратеникот Бил Блер, поранешен шеф на полицијата во Торонто, е именуван на оваа министерска функција.
Канада и САД имаат договор според кој барателите на азил кои поминале преку една од овие земји треба да се вратат назад. Тоа значи дека барател на азил од трета земја кој во Канада влегол преку САД треба да се врати во САД и таму да поднесе барање. Канада ги обвинува САД дека не го почитуваат овој договор, и дека одбиваат да примат назад околу илјада одбиени баратели на азил.