Тероризмот станува феномен кој константно се глобализира. Осомничениот терорист кој стои зад ладнокрвниот напад и убиството на 49 муслимани во две џамии во Крајстчерч, Нов Зеланд, е Австралиец кој се идентификува како Европеец и кој го смета „лошото“ владеење на градоначалникот на Лондон Саидк Кан, Ангела Меркел и Реџеп Таип Ердоган како оправдување за неговото насилство, пишува аналитичарот на Си-ен-ен Мajло Комерфорд.
Идеологијата на Брентон Тарант (28) е вкоренета во еден поголем наратив за падот на западната култура, глобална слика од наводното „исламизирање“ на христијанските земји и верувања за геноцидот на европскиот народ на сите страни на светот.
Убиецот има објавено и манифест во кој го рационализира својот брутален напад и манифест кој презентира транснационална верзија на екстремистичкиот национализам. Во ова писание, може да се забележат и ставовите на модерната десница, кои се карактеризираат со зголемен интернационализам и консолидација. Во најново време, според авторот на колумната, екстремистите сметаат дека нивните проблеми ги надминуваат националните граници, вклучувајќи ја и борбата против заедничкиот противник, односно во одбрана на христијанството.
На местата каде што етно-национализмот претходно се карактеризираше со ситни препирки меѓу различни иридентистички погледи, напаѓачот од Крајстчерч повикува на меѓународна солидарност меѓу екстремистите во Полска, Австрија, Франција, Аргентина, Австралија, Канада, па дури и во Венецуела, сите заедно обединети преку Интернет просторот. Најновите Интернет обединувања на екстремистите создаде услови во кои се појавуваат нови хибридни екстремистички идеологии, во овој случај микс од еко-фашизам, национал-социјализам и тврдења за надмоќ на белата раса – ставови кои се во една глобална рамка.
– И не само што идеологијата по која се води убиецот е глобална, туку постои и огромна бројка на луѓе кои влијаеле врз неговата одлука да го спроведе нападот. Во манифестот, убиецот гордо се повикува и ги величи „колегите“ екстремисти од повеќе страни на светот, вклучувајќи го Лика Траини кој повреди шест мигранти со огнено оружје во Италија, Дилан Руф кој уби девет афро-американци во САД, Антон Лундин Петерсон, Швеѓанец кој изврши напад во училиште со сабја и Дарен Озборн, кој го спроведе нападот врз џамијата во Финсбери парк, главната инспирација на Тарант и човекот кој е главна причина за неговата радикализација. Дополнително, убиецот го издвојува и Норвежанецот Бреивик кој го обожува, заедно со поддршката на десничарската група „Најтс темплар“, група со која токму Бреивик се поврзуваше пред да убие 77 луѓе – пишува Комерфорд.
Транснационалните наративи на екстремните десничари, кои во последно време се сè поприсутни имаат силни паралени со други форми на глобален екстремизам, поточно исламскиот. Слично како екстремистите од Исламската држава (ИД), напаѓачот од Крајстчерч се води по иделогија за која нема нема невини луѓе, а во судирот на цивилизациите меѓу Исламот и Западот постојат само војници. Погледите и на едните и на другите екстремисти ги нагласуваат транснационалните врски на овие групи на луѓе. Додека Тарант се идентификува како дел од некоја глобална бела европска раса, ИД нагласува еден вид глобален и радикален исламски идентитет во нивната пропаганда, кој се користи за да се овековечи форма на заснована солидарност.
Еден дел каде што оваа идеолошка врска е значително забележлива е во моментот кога зборува за земијте од Западен Балкан, кои напаѓачот ги врамува во неговата пропаганда како прва линија во цивилизациската војна меѓу Европа и исламскиот свет. Покажувајќи еден продлабочен поглед на историјата и на оваа етно-националистичка идеологија, на оружјето коистено во нападот кој беше објавен во живо на Фејсбук, напишани се имиња на луѓе и настани дури од 14 век и српски борци кои војувале против Отоманската имерија. Исто така, може да се забележат и имиња на франкскиот војсководец Чарлс Мартел – лик кој денес фашистите го сметаат за симбол. Брентон Тарант исто така се повикува и на повеќе други историски наративи од минатото, во кои различни војски и народи се бореле против Отоманската имеприја.
– Нашето истражување покажува конкретни паралели со пропагандата на ИД за која цел беше регионот на Западен Балкан. Повикувајќи се на истата историја, видеата на ИД го опишуваат овој регион како главната линија за радикалните исламисти, додека неофицијалната пропаганда на терористичката организација го вклучува Балканот како „провинција“ на која треба да се прошири сега победениот калифат. Овие граници на ИД се поистоветуваат со освојувањата на Отоманската империја во 16 век и се исти наративи кои очигледно се главен мотив на Тарант во т.н. борба меѓу радикалниот ислам и Западот – констатира колумнистот на Си-ен-ен.
Во Австралија, пратеникот на десницата Фрејзер Анинг, по нападот изјави дека ова е резултат на претходните екстремистички напади, по што како причина за нападот ја лоцираше програмата за имиграција и насилната идеологија на исламот, без да препознае дека муслиманите се најголеми жртви на тероризмот во светски граници.
Напаѓачот го опишува британскиот политичар Освалд Молси како личност со која има најблиски идеолошки погледи на светот. Поради тоа, политичарите треба да сфатат дека провокативната и дехуманистчката политичка реторика може да произведе атмосфера во која екстремистичките погледи може да се манифестираат преку ужасно насилство.
Проблемот со насилството на екстремната десница на меѓународно ниво е занемарен веќе подолго време. Политичарите и луѓето мораат да го препознаат проблемот со десниот екстремизам, кој учи од „успесите“ на глобалниот џихадизам. Неопходен е глобален одговор за овој меѓународен феномен, завршува Мajло Комерфорд.