Министрите за надворешни работи на ЕУ побараа да се воведат санкции против Белорусија, за да се изврши притисок на претседателот Александар Лукашенко да одржи нови избори во земјата.
Одлуката дошла откако опозицијата во Белорусија побара помош од германската канцеларка Ангела Меркел.
Со желба да ги поддржат масовните протести против 26-годишното владеење на Лукашенко, министрите од ЕУ размислуваат за воведување забрана за патување и замрзнување на имотот до 20 лица, кои ги сметаат заа одговорни за пресметка со демонстрантите, две недели по изборите во Белорусија, за кои опозицијата тврди дека се наместени, пренесе „Ројтерс“.
– Најавата за санкции не доведе до никакви промени во однесувањето во Белорусија – рекол германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, мислејќи на закани со санкции од страна на европските влади по спорните избори на 9 август.
Романскиот министер за надворешни работи, Богдан Ауреску, изјави дека санкциите би требало да им се воведат на функционерите, кои помогнале да се наместат изборите, на оние кои наредиле пресметка и примена на сила врз демонстрантите.
Шефот на европската дипломатија, кој претседава со состанокот во Берлин, рекол дека тој разговор ќе биде важен бидејќи на него ќе се разгледа „нивото на санкциите“, како и тоа кој ќе биде предмет на санкциите.