Отстранувањето над 670 високобрзински машини за сортирање писма во американската пошта ги подгрева сомнежите дали таа ќе може да се справи со можен зголемен наплив на испратени гласачки ливчиња за претседателските избори во ноември. Директорот на американската пошта, Луис Диџој, соопшти пред Конгресот во понеделникот (24 август) дека поштата има капацитет да ја изведе најобемната програма за испраќање на гласовите преку оваа служба во американската историја. Диџој нареди да се отстранат 671 редач на испратници со бар-кодови, кои ефикасно можат да обработат 38.500 писма во еден час до крајот на септември.
Околу 257 од овие машини се наоѓаат токму во клучните сојузни држави, кои одлучуваат за претседателската победа. Претставничкиот дом донесе двопартиски закон во саботата со кој на американската пошта ѝ се доделија 25 милијарди долари за да може непречено да се одвива изборниот процес и можното зголемување на бројот на гласачки ливчиња што ќе испраќаат преку пошта во ноември.
Претседателот Трамп постојано го напаѓаше моделот на гласање преку пошта, сметајќи дека може да доведе до „измами“ и „корупција“, па дури отиде и дотаму што рече дека може да биде причина за одложување на изборите што се закажани за 3 ноември.