Авганистанскиот главен град Кабул утрово беше цел на напади, јавија западни медиуми.
Цел на нападите најверојатно е претседателскиот комплекс.
Нападите се извршени додека претседателот Ашраф Гани држеше говор по повод исламскиот празник Курбан бајрам.
– Има групи кои не се откажуваат од насилство. Тие нема да успеат со ракети да го запрат развојот на Авганистан – рeче Гани.
Во градот се регистрирани неколку експлозии, но засега нема информации за жртви или материјални штети. Талибанците вчера отфрлија прекин на огнот предложен од Гани и наведоа дека ќе продолжат со напади врз владата и странските сили во Авганистан.