Најновите податоци покажуваат дека САД сѐ повеќе се соочуваат со демографски проблеми поради намалување на порастот на бројот на жителите. Па, така, порастот на бројот на американски жители е на најниско ниво во изминатите сто години, благодарение на намалената стапка на раѓање, намалената имиграција и порастот на стапката на смртност. Американската канцеларија за попис на населението соопшти дека во јануари 2019 година во САД живееле околу 328 милиони лица.
Од канцеларијата соопштија дека лани во САД се родени околу 957.000 лица и оти првпат во изминатите 40 години овој број е помал од еден милион. Истовремено, значително е намален и приливот на мигранти: на сметка на мигрантите, населението на САД се зголемило за 595.000 лица во периодот 2018-2019 година, додека, пак, оваа бројка во 2016 година изнесувала 1,04 милион лица.
Вилијам Фреј, од институтот „Брукингс“, изјави дека ваквиот негативен тренд би можел да се поправи врз сметка на мигрантите. Но Фреј истакнува дека поради заострувањето на мигрантските закони од страна на администрацијата на Трамп, тешко е да се очекува брз пораст на американското население само врз сметка на масовната имиграција.