Малта потврди синоќа дека не прифатиле да вплови брод на француска невладина организација што пренесувал над 600 мигранти.
Премиерот на Малта Џоузеф Мускат разговараше за тоа со шефот на италијанската влада Џузепе Конте.
– Малта нема да го прими тој брод во свое пристаниште – наведе во соопштение малтешката Влада во одговор на барање од италијанска страна.
Бродот Аквариус на француската органзиација Ес-О-Ес Медитеран собра 692 мигранти во шест спасувачки операции во Средоземното Море во ноќта спроти недела.
Портпарол на Владата во Малта изјави дека операциите биле спроведени во либиска зона и за нив се одговорни во Центарот за координирање на спасувачки операции во Рим.
Во моментот бродот плови меѓу Малта и Сицилија во обид да добие дозвола од некое пристаниште, јавија италијански медиуми.