Свикан итен состанок на лидерите на членките на НАТО. Тема на средбата е труењето на најжестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални.
Состанокот е свикан откако повеќето европски лидери се закнија дека ќе воведат нови санкции против Москва, која упорно одбива да има врска со труењето на Навални, кој пак се уште се наоѓа во кома во германска болница.
Лидерите на западните земји бараат со денови конкретни одговори од Кремељ на тврдењата и доказите од германските лекари кои соопштија дека од крвта на Навални е изолиран нервен гас – новичок, во светот познат по случајот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија.
И во тој случај официјална Москва отфрли какви било тврдења дека има врска со труењето.
Итен состанок на лидерите на НАТО ќе почне, како што наведуваат странските медиуми, со краток брифинг на германските лекари во 12.30 часот, а потоа ќе се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.