Италија побара меѓународна поддршка за напорите во сузбивање на епидемијата на коронавирусот во земјата, во која бројот на смртни случаи порасна на 12, а бројот на заразени достигна 374.
Италијанската влада ги повика своите европски соседи на соработка, а не на изолација и дискриминација.
Шест деца се позитивни на коронавирусот, изјавија денеска неименувани извори од италијанската новинска агенција Анса. Поголем дел од случаите произлегуваат од жариштето во округот Лоди, кој е во карантин поради епидемијата во северна Италија.