Владата на Италија донесе одлука од утре да ги затвори сите училишта и универзитети до средината на март поради епидемијата на коронавирус, јави агенцијата АНСА.
Училиштата во северните региони веќе се затворени.
Министерот за спорт, Винченцо Спадафора, изјави дека Владата најверојатно ќе нареди професионалните фудбалски мечеви и останатите големи спортски настани да се одржуваат без публика.
Според последните официјални податоци, во Италија од вирусот Ковид-19 починале 79 луѓе, а заболени се 2.502.