Програмата за социјални реформи во Италија, што ја осмисли популистичката партија Движење пет ѕвезди, денеска започна со очекувани метежи кога илјадници сиромашни и невработени Италијанци се пријавија за помош во своите поштенски и даночни уреди за остварување „основен приход“.
Движењето пет ѕвезди се надева дека на тој начин ќе ја зголеми својата популарност во пресрет на изборите во ЕУ во мај, која опадна последните месеци. Основниот приход изнесува 280 евра.
Бројот на Италијани кои живеат во сиромаштија е зголемен на 5,1 милиони во 2017 година, според статистичкото биро ИСТАТ, што е тројно повеќе во последните десет години.
Основниот приход на Движењето пет ѕвезди ќе чини седум милијарди евра само оваа година и ќе опфати околу 2,7 милиони луѓе.