Италијанската полиција на еден рибарски брод крај бреговите на Сицилија заплени над 10 тона хашиш и ги уапси деветмината членови на неговиот екипаж.
Како што се наведува во полициското соопштение, бродот „Квест“, кој пловел под холандско знаме, бил пресретнат од патрола на финансиската полиција на околу 210 километри јужно од Сицилија во водите на Средоземното Море.
Полициската акција била преземена по 40-часовно следење на бродот, кој испловил од Малта и потоа го натоварил хашишот крај бреговите на Мароко и Алжир.
Продажната цена на запленетиот хашиш на нарко пазарот се проценува на меѓу 15 и 20 милиони евра.