Од белгиските банки исчезнаа дел од парите на убиениот либиски лидер Муамер Гадафи, јави белгиската телевизија РТБФ.

Со одлука на Советот за безбедност на ОН од 2011 година средствата на Гадафи се замрзнати. Во тој момент, во банките „БНП Парибас фортис“, ИНГ, КБЦ и Јуроклир банк се наоѓаа повеќе од 14 милијарди евра на поранешниот либиски претседател.

Одлуката на СБ на ОН не се однесува на каматите. За осум години таа сума се зголемила за износ меѓу три и пет милијарди евра и токму тие пари исчезнале. Се претпоставува дека парите завршиле во рацете на групите кои војуваат во Либија. Во тек е истрага

На замрзнатите либиски сметки во 2013 година имало 16 милијарди евра, а во 2017 година, кога белгиските власти по истрагата за перење пари планирале да конфискуваат имот, откриени се само шест милијарди евра.