Исламска држава (ИД) потврди дека нејзиниот водач Абу Бакр ал-Багдади е убиен во напад на американските сили во североисточна Сирија и го најави својот нов лидер, но и одмазда за САД.
– Одмаздете се на нивната земја и на нивните браќа неверници и отпадници, спроведете ја волјата на командантот од последната аудио-порака и приближете се кон Бога преку крвта на многубошците – вели портпаролот на ИД во аудиоснимка која ја објави исламистичката агенција „Амак“.
Багдади во порака минатиот месец порача дека дејствијата на милитантите се вршат секојдневно и повика на ослободување на жените заробени во Сирија и Ирак поради наводни врски со ИД, пренесива хрватски „Индекс“.
Тој исто така рече дека САД и нивните сојузници биле поразени во Ирак и Авганистан и дека Американците биле „вовлечени“ во Мали и Нигер.
Багдади загина од детонација на елек со експлозив бегајќи во слеп тунел откако беше опкружен со елитна американска специјална единца во скривница во сириската провинција Идлиб. Тој при експлозијата ги убил и своите три деца.
ИД ја потврди и смртта на неговиот портпарол, Абу ал-Хасан ал-Мухаџир.