Иран го предупреди севернокорнокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пред утрешната средба во Сингапур да биде внимателен „поради непредвидливоста“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Ја поздравуваме секоја иницијатива за мир, стабилност и безбедност на Корејскиот полуостров. Сепак Северна Кореја треба да внимава со САД и особено со Трамп- рече на прес-конференција портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гасеми.
– Што се однесува до однесувањето на САД, до нивниот пристап и намери, ние сме многу скептични и на нивните активности гледаме со целосен песимизам- рече портпаролот.
Тој додаде дека токму затоа „на овој самит оптимизмот е прилично недоличен“.