Индиското МНР објави дека Иран ослободил девет од 12 членови на индискиот екипаж од танкерот за нафта „МТ Рија“ кој плови под знаме на Панама, запленетден на 14 јули, пренесува „Спутник“.
Дваесет и еден индиски државјанин и понатаму остануваат притворени во Иран, тројца од „МТ Рија“ и 18 од „Стена имперо“,танкерот кој плови под британско знаме, кој беше заробен од страна на Техеран минатата недела.
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека запленилса странски танкер со незаконски товар во Персискиот Залив на 14 јули. Локалните медиуми објавија видеоснимка на која се прикажани два брода кои го блокираат патот на танкерот под панамско знаме.
Властите на Панама подоцна ги повлекоа своите знамиња од танкерот, наведувајќи ги намерно повредените меѓународни правила.