Иранските безбедносни сили „решително се спротивстават” на какви било немири, кои би можеле да бидат искористени од САД и другите ирански непријатели, изјави Голамхосеин Мохсени Еджел, портпарол на иранските судски власти.
Неговата изјава уследи по бранот простести во Иран, чиј повод беа главно економски прашања.
– Правните и безбедносните тела решително ќе се спротивстават на секоја група или поединец, кој сака да ја компромитира безбедноста на земјата – рече Мохсени Еджел.
Тој, исто така, додаде дека поттикнување немири е дел од американската психолошка војна против Иран.