Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, вели дека Техеран ќе соработува со европските потписници на нуклеарната спогодба од 2015 година за да го спаси договорот, пренесува „Спутник“.
– Имавме искрени и сериозни разговори со германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас. Техеран ќе соработува со потписниците на ЕУ за да го спаси договорот рече Зариф.
Зариф додаде дека секој што ќе почне војна со нив нема да доживее да ја заврши.
Претходно истиот ден, портпаролот на иранското МНР, Абас Мусави, ги критикуваше европските потписници на договорот од 2015 година бидејќи не успеаја да го спасат откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од него.
– Досега не сме виделе практични и конкретни чекори од Европејците за да ги гарантираат интересите на Иран. Техеран нема да разговара за какво било прашање надвор од нуклеарниот договор. ЕУ не е во позиција да ги преиспитува иранските прашања надвор од нуклеарниот договор – рече Мусави.
Тензиите меѓу Иран и САД се вжештија откако Вашингтон одлучи да се повлече од нуклеарниот договор во 2015 година во мај 2018 година и ги врати сите санкции против Исламската Република. Американските санкции против Иран најмногу се насочени кон нафтената индустрија и кон намалување на извозот на нафта од земјата на нула.
Кина, Франција, Германија, Иран, Русија, Велика Британија и ЕУ го критикуваа Вашингтон за неговото еднострано повлекување од договорот и одлуката да не се продолжат специјалните дозволи за проекти за нуклеарно неширење. Коментирајќи го американскиот потег, потписниците на договорот нагласија дека укинувањето на санкциите поврзани со нуклеарното оружје е суштинскиот дел од ЈЦПОА.