Според извештајот на Обединетите нации и информациите објавени во светските медиуми
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во својот документ ги информирала земјите-членки на процесот за контрола на иранската нуклеарна програма дека Иран ги прекршува правилата. Во извештајот на МААЕ се подвлекува дека земјата изминатиот период користела точно 164 центрифуги oд моделот ИР-6 во нуклеарните постројки, со кои го извршувала збогатувањето на ураниумот над дозволените граници, а сега истиот процес се одвива во точно 153 центрифуги што го употребуваат моделот ИР-4 за оваа намена
Светските медиуми пренесуваат податоци дека збогатувањето ураниум повеќе од дозволеното во меѓународните договори на Техеран може дополнително да ги влоши и онака затегнатите односи помеѓу Иран и Западот, но и регионалните соседи, како Израел, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Во своја информација на оваа тема, магазинот „Геополитика“ додава дека во моментов во светот не е целосно јасно како таквата ситуација ќе влијае на преговорите во Виена, поврзани со иранскиот нуклеарен договор, и дали новонастанатите случувања ќе ја подобрат или ќе ја влошат иранската преговарачка позиција во процесот.
Новинската агенција „Ројтерс“, пак, во своја информација за случувањата потсетува дека во мај, Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ) објавила дека Иран користел напредни центрифуги во фабриката „Натанц“, во чиј процес се вршело збогатување на ураниумот до 60 проценти.
Во информацијата се појаснува дека МААЕ со својот документ ги информирала земјите-членки на процесот за контрола на иранската нуклеарна програма дека Иран ги прекршува правилата.
Во извештајот на МААЕ се подвлекува дека земјата изминатиот период користела точно 164 центрифуги oд моделот ИР-6 во нуклеарните постројки, со кои го извршувала збогатувањето на ураниумот над дозволените граници, а сега истиот процес се одвива во точно 153 центрифуги што го употребуваат моделот ИР-4 за оваа намена.
Дополнително, документот на меѓународната организација потсетува дека капацитетот за производство на ураниумот во Иран го надминува договорениот процент од 3,67 отсто во првобитниот договор за оваа работа потпишан со САД.
Според медиумите, за производство на нуклеарно оружје е потребно државата да поседува чистина на изотопот на ураниумот – 235 од 85 отсто, со што потоа ќе може Иран да направи јадро на нуклеарна бомба, иако властите во Техеран тврдат дека нивната програма е наменета единствено за цивилни цели.