Иранскиот суд го забранил реформистичкиот неделник Седа, кој се залагал за идејата за преговори со САД, пишуваат локалните медиуми.
На последната насловна страница била прикажана американската флота со наслов „На раскрсница меѓу војна и мир“, пренесе „АП“.
Неделникот Седа повикува на ангажирање на високо ниво помеѓу САД и Иран и предупредува, дека затворањето на Ормутскиот теснец, со што официјален Техеран честопати се заканува, ќе доведе до војна.
„АП“ наведе дека третина од нафтата која се тргува преку море поминува преку Ормутскиот теснец.