Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на иранската Влада, Али Рабеи.
– Ние сме подготвени да размениме затвореници со САД и да разговараме за ова прашање, но Американците уште не одговорија – рече Рабеи.
Тој кажа дека Техеран за здравјето на Иранците во американските затвори.
Иран и САД разменија затвореници во 2019 година, кога Иран го ослободи американскиот студент Сијуе Ванг, кој беше осуден на три години затвор за шпионажа, а САД го ослободија иранскиот истражувач за матични клетки Масуд Солејмани, кој беше обвинет за кршење на санкциите.