Иранските власти денескa соопштија дека сите 23 членови на екипажот на запленетиот британски танкер „Стена Имперо“ се на безбедно и во добро здравје.
Тоа за државната иранска телевизија го изјави шефот на Пристаништната и поморска организација на Иран за покраината Хормозган, Алахморад Афифипур, пренесе „Ројтерс“.
-Сите 23 членови на екипажот кои се наоѓаат на бродот се наоѓаат на безбедно и се во добро здравје во пристаништето Бандар Абас, истакна Афифипур.
Членовите на екипажот се државјани на Индија, Летонија, Филипини и Русија.
Велика Британија се обрати до Советот за безбедност на ОН, наведувајќи дека заплената на танкерот од страна на иранските сили во Персискиот Залив е непријателски акт, притоа отфрлајќи го објаснувањето на Техеран дека танкерот бил запленет бидејќи учествувал во несреќа со ирански рибарски брод.