Иранскиот генерал мајор, Голам Aли Рашид, ја искажа својата загриженост дека дури и најмал конфликт во регионот на Заливот, би можел неконтролирано да се прошири.
– Доколку избие конфликт во регионот, ниедна земја нема да биде во сотојба да ги контролира неговите размери и тајмингот. Американската Влада мора да делува одговорно за да ги заштити животите на американските војници и мора да се избегнат непромислени акции во регионот- нагласил Рашид.
Иран синоќа соопшти дека ќе одговори одлучно на секоја закана.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека сѐ уште размислува за воена акција против Иран поради уривање на беспилотно летало, нагласувајќи дека употребата на сила е секогаш на маса додека не го решат ова прашање.