Иранската валута ријал денеска падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот откако американскиот претседател Доналд Трамп објави повлекување на САД од нуклеарниот договор помеѓу светските сили и Техеран.
Доларот се продава за околу 75.000 ријали, додека вчера, пред објавувањето на одлуката на Трамп, вредеше 65.000 ријали, објавија медиумите кои го следат слободниот пазар на валути.
Вредноста на иранската валута паѓа со месеци поради лошата економија, финансиските тешкотии во локалните банки и големата побарувачка за доларот меѓу Иранците, кои стравуваа од повлекувањето на САД од договорот.
Враќањето на американските санкции кон Техеран ќе го намали извозот на нафта и други стоки од таа земја.