Иранската револуционерна гарда потврди денеска дека одржала воени вежби во Заливот во изминатите денови со цел да се соочат со можни закани од непријател.
– Вежбите беа извршени со цел контрола и заштита на меѓународни водени патишта и во рамки на програма на годишни вежби на Гардата – изјави портпарол на Иранската револуционерна гарда.
Командантот на Гардата, Мохамед Али Џафари изрази задоволство поради успешно извршените вежби и нагласи потреба за одржување и унапредување на одбранбената подготвеност во Заливот и протокот Ормус за да се одговори на закани на потенцијален непријател. Американските власти наведоа во четвртокот дека во вежбите учествувале повеќе од 100 бродови.