Иранската револуционерна гарда (IRGC) презентира пред јавноста нов борбен дрон, кој го носи називот „Газа“ во чест на Палестинците.
Лидерот на Револуционерната гарда на исламистичкиот режим, генерал-мајор Хусеин Салами во изјавата рече дека беспилотното летало е наречено „Газа“ со цел да им оддаде почит на оние кои денес се борат против ционистичката инвазија и агресија.
Иран се смета за главен непријател на Израел. Иако е санкционирана од голем број меѓународни добавувачи на опрема, земјата стана една од водечките производители на воени беспилотни летала, често користејќи технологија ископирана од соборените американски беспилотни летала.
Соединетите држави и Израел минатиот месец формираа работна група која се фокусира токму на развојот на беспилотни летала и прецизни проектили од страна на Иран и неговите сојузници.