Ирак сака да посредува меѓу САД и Иран и ќе работи на изнаоѓање решение за кризата во односите меѓу Вашингтон и Техеран, своите двајца сојузници, изјавил денеска во Багдад ирачкиот министер за надворешни работи Мохамед Али Хаким.
Али Хаким е на заедничка конференција со шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф, кој рекол дека Иран не го прекршил нуклеарниот договор склучен со големите сили во 2015 година и ги повикал европските земји да направат напори за зачувување на договорот после отстапувањето на САД од него минатата година.
Зборувајќи за сè поголемите тензии со САД и во Персискиот залив, Зариф рекол дека Иран ќе биде во состојба да се соочи со војна, било економска или вооружена.