Кинески ласери во најмалку 20 наврати заслепувале американски пилоти над Пацификот, соопшти за Си-Ен-Ен неименувана воена официјална претставничка на САД.
Според неа, 20-те инциденти биле регистрирани од септември 2017 година, ласерските зраци биле насочени кон американските авиони.
Последниот инцидент, како што рече, се случил минатата недела.
Неименувната официјална претставничка за Си- Ен-Ен вели дека ниту еден инцидент не предизвикал повреди на пилоти, додавајќи дека инцидентите се слични на оние што ги имале пилоти на САД над Источна Африка, кога ласерите биле вперени од кинески бази во близина .
Кина ги демантираше тврдењата на САД.