Индонезискиот министер за безбедност Виранто е свесен и во стабилна состојба, откако бил прободен со нож од непознат човек за време на посетата на островот Јава, соопшти денеска полицијата.
Видеата и фотографиите од местото на настанот покажуваат дека министерот излегува од автомобил во градот Пандеглан и е нападнат и фрлен на земја од еден маж.
Полициските фотографии покажуваат дека министерот е однесен во блиската болница на носилки, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Националната полиција Деди Прасецио изјави дека напаѓачот е уапсен, и дека еден полицаец е повреден во инцидентот.
Виранто (72) е министер за безбедност од 2016 година.
Неговото назначување предизвика критики од десничарските групи поради вмешаноста во крвавите судири во Источен Тимор додека тој беше командант на санга обезбедувањето.
Комисијата на ООН го обвини за крвопролевање за време на гласањето за независност на Источен Тимор во 1999 година, кога загинаа 1.000 луѓе.