Норвешка има стабилна економија со енергичен приватен сектор, голем државен сектор и голема јавна сигурност. Во 1994 година, Норвешка со референдум се откажа од Европската унија (ЕУ), меѓутоа делумно учествува во единствениот европски пазар и значително придонесува кон буџетот ма ЕУ. Нафтениот сектор обезбедува околу девет отсто од работните места, 12 отсто од БДП, 13 отсто од приходите на државата и 37 отсто од вкупниот извоз.
Според „Економист“, Норвешка го прифаќа државниот капитализам. Норвешката нафтена компанија „Екуинор“ порано „Статоил“, е една од најголемите во Западна Европа, 67 отсто е во сопственост на државата. Норвешката држава поседува голем удел во најголемиот телекомуникациски оператор „Норск Хидро“ најголемиот производител на алуминиум „Јара“, најголемата банка „ДНБ“. Државата поседува 37 отсто од берзата во Осло.
Според „The Week“, Норвешки работници се силно заштитени, со 70 отсто од работниците опфатени со синдикални договори, а преку една третина директно вработени од владата. Компаниите во државна сопственост вредат 87 отсто од БДП. Од целокупното домашно богатство во Норвешка, владата поседува 59 отсто. Според „Блумберг“ норвешкото влијание на глобалниот финансиски пазар далеку ја надминува норвешката економија.
Според „Економист“ во 1969 година била откриена нафта во Северното Море и таа ја трансформирала норвешката економија. Денес, Норвешка е осми по големина извозник на нафта во светот, а приходите добиени од продажбата на нафтата сочинуваат 30 отсто од приходите на норвешката влада.
Според „Светската книга на фактите“ на ЦИА, норвешката држава своите приходи од нафтениот сектор ги чува во „Глобал“ најголемиот суверен фонд за богатство во светот, кој во 2017 година беше проценет на над еден трилион долари. Суверен фонд за богатство е државен инвестициски фонд кој се состои од финансиски средства добиени од резервите на една држава. Фондот исклучиво се користи за инвестирање во корист на економијата на една држава и нејзините граѓани. Финансирањето на овој вид на фонд доаѓа од резервите на централната банка кои се акумулираат поради буџетски суфицит, средства од приватизација, приходи остварени од извоз на природни ресурси и друго.
Државниот пензиски фонд на Норвешка се состои од два одделни инвестициски фонда. Првиот е Владиниот пензиски фонд „Глобал“ познат и како Фонд за нафтата. Вториот фонд е Владиниот пензиски фонд на Норвешка. Основан во во 1967 година, како национален фонд за осигурување. Се управува одделно и со ограничени инвестиции на домашно ниво и Скандинавија. Овој фонд е главен акционер во многу норвешки компании преку берзата во Осло.
Норвешкиот банкарски инвестициски менаџмент управува со средствата на Норвешката централна банка. Поточно со владиниот пензиски фонд „Глобал“ често нарекуван норвешки нафтен фонд. Менаџментот има за цел добивање на највиско можно враќање во фондот, во рамките на инвестицискиот мандат определен од Норвешкото министерство за финансии. Целта е заштита на долгорочните финансиски интереси на Норвешка преку активно управување и активна сопственост.
Фондот бил формиран за да и даде можност на норвешката влада простор за маневрирање во фискалната. Исто така, служи како алатка за управување со финансиските предизвици на стареењето на населението и очекуваниот пад на нафтените приходи. И покрај неговото име, фондот нема формални пензиски обврски. Не е донесена политичка одлука за тоа кога фондот може да се користи за покривање на идните пензиски трошоци, а веројатноста за големи повлекувања од фондот е ограничена. Целта на нафтениот фонд е да обезбеди одговорно и долгорочно управување со приходот од норвешките нафтени и гасни ресурси во Северното Море.
Според официјалните податоци на самиот фонд, тој има удел во повеќе од 9.000 компании низ целиот свет, вклучително „Епл“, „Нестле“, „Микрософт“ и „Самсунг“. Фондот поседува 1,4 отсто од сите компании во светот. Поголемиот дел од фондот се инвестира во сопственички хартии од вредност, кои се сопственички интереси во компаниите. Друг дел се вложува во обврзници, кои се вид на заем на владите и компаниите, а финалниот дел се инвестира во недвижности. Според Би-би-си фондот поседува 37 милјарди долари од акциите на нафтените компании „БП“ и „Шел“. Покрај седиштето во Осло, претставништва има во Лондон, Њујорк, Шангај и Сингапур. Има 600 вработени од 38 нации.
Според „Sovereign Wealth Fund Institute – SWFI“, фондот располага со 1.072.840.000.000 долари.