Десетици илјади Чеси протестираа со барање оставка од премиерот Андреј Бабиш кој е обвинет за злоупотреба на функцијата. Организаторите на протестот тврдат дека ова биле најголемите демонстрации од падот на комунизмот за време на Сомотната револуција во 1989 година.
Според нив, на протестите учествувале околу 120.000 граѓани.
Протестите против Бабиш се одржуваат од крајот на април и од тогаш станаа се помасовни, а почнаа откако чешката полиција ја заврши истрагата за тоа дали тој примил субвенции од два милиони евра од ЕУ за фарма и конгресниот центар препорача дека треба да му се суди.
Учесниците во протестите стравуваат дека неодамна именуваната министерка за правда Марија Бенешова би можела да е вмешана во случајот.
Бабиш е втор најбогат Чех, чие богатство се проценува на 3,7 милијарди долари. Тој се поврзува со злоупотреба на над два
милиона долари субвенции од Европската Унија. Тој сето ова го отфрла, наведувајќи дека станува збор за „политички процес“.