Илјадници граѓани излегоа на улиците на Лондон денеска, во знак на протест против британското напуштање на Европската Унија.
Организаторите на таканареченото „Народно гласање“ ја обвинуваат Владата на Тереза Меј за хаотично водење на преговорите за напуштање на ЕУ и за занемарување на интересите на граѓаните на Британија.
На протестот ќе се обрати лидерот на Либерално-демократската партија Винс Кејбл, Керолин Лукас од Зелената партија, а ќе зборува и Девид Леми, висок претставник на Лабуристичката партија, која има поделен став по прашањето на Брегзит.