Гувернерот на американската држава Илиноис, Роберт Прикер, денеска го потпиша актот за рекреативна легализација на марихуаната, што го прави Илиноис 11-та сојузна американска држава која го легализираше овој вид на наркотик.
Демократската влада, пренесува агенцијата АП, потпиша закон со кој им се овозможува на жителите да купуваат и да поседуваат до 30 грама марихуана.
Лица кои не се постојани жители, на територијата на Илиноис може да имаат најмногу до 15 грама марихуана.
Американската агенција потесетува дека марихуаната како наркотик на федерално ниво во САД била забранета од 70-тите години на минатиот век.