Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат договор за обновување на дипломатските билатерални односи.
– Голем чекор напред денеска! Историски мировен договор меѓу нашите две земји пријатели, Израел и Обединетите Арапски Емирати – напиша американскиот претседател.
Мировниот договор, како што пишува Трамп, е прифатен од страна на израелскиот премиер Нетанјаху и Мохамед бин Зајед, престолонаследник на Абу Даби.
Израел, на барање на Трамп, се согласил да ги прекине плановите за зафаќање на повеќе области на палестинските територии. Наместо тоа, државата во иднина ќе треба да се фокусира на „проширување на односите со другите држави од арапскиот и муслиманскиот свет“, се вели во заедничката изјава објавена од тројцата претставници.
Со договорот се овозможува муслиманите да имаат поголем пристап до џамијата Ал Акса во Стариот град Ерусалим, како и можност за отварање на летови од Абу Даби кон Тел Авив, но исто така, двете држави ќе треба ја прошират и забрзаат соработката во лекувањето и развојот на вакцината против ковид-19.