Израел и Бахреин постигнаа договор за целосно нормализирање на односите, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
– Втора Арапска држава постигна мировен договор со Израел во послендите 30 години – напиша Трамп на Твитер.
Со години, повеќето Арапски држави го бојкотираа Израел, инсистирајќи дека тие ќе воспостават врски само откако ќе се реши палестинскиот спор.
Но, минатиот месец Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се согласија да ги нормализираат своите односи со Израел. Имаше многу шпекулации дека Бахреин може да го следи примерот.
Заливската држава е само четврта арапска земја на Блискиот исток што го признава Израел од нејзиното основање во 1948 година. Останатите се Египет и Јордан.
– Уште еден историски чекор напред денес! Нашите двајца големи пријатели Израел и Кралството Бахреин се согласуваат на мировен договор – напиша Трамп.
Тој исто така објави на Твитер копија од заедничката изјава меѓу САД, Бахреин и Израел.
Пред објавата на ОАЕ во август, Израел немаше дипломатски односи со арапските земји од Заливот. Во последно време, заедничката грижа околу Иран доведе до неофицијални контакти меѓу нив.
Минатиот месец беше првиот официјален лет од Израел кон ОАЕ, што се сметаше за голем чекор за нормализирање на односите.
Во 1999 година, Мавританија, член на Арапската лига во северо-западна Африка, воспостави дипломатски односи со Израел – но ги прекина врските во 2010 година.