Израел го лансираше првото беспилотно летало на Месечината. Ако израелската мисија биде успешна, таа ќе стане четврта земја, по САД, Русија и Кина, на која и успеало тоа.
Леталото беше лансирано од Флорида рано утрово, се работи за ракета „Фалкон 9“ во сопственост на Илон Маск. На Месечината треба да слета за два месеца.
Освен ракета, лансирани се уште две сателита.
Леталото, кое се вика „Беретштет”, е со големината на машината за перење и тежината од 585 килограми.
Тоа содржи капсула со стотици дигитални датотеки. По слетувањето на Месечината, леталото ќе започне да фотографира и да го мери магнетното поле на Месечината. Сите податоци ќе бидат споделени со Националната вселенска агенција на САД (НАСА).
На овој проект лансирање, осум години соработуваа непрофитната компанија „СпејсЕкс“ и израелската аеровселенска индустрија.
По лансирањето на ракетата, беа лансирани уште два сателита.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го следеше лансирањето преку емитување во живо од израелскиот контролен центар во Тел Авив.
-Ова е голем чекор за Израел, но и огромен чекор за израелската технологија – рече Нетанјаху.