Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави видео-снимка на Твитер на која се забележува како тој се фотографира со членовите на тим на морнаричките „фоки“ во Ирак, без да ги сокрие нивните лица, пренесува „Њујорк пост“.
Заедничкото фотографирање се случи за време на првата посета на Трамп на воена зона, за време на неговиот мандат. Тој и првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера ја посетија воздушната база Ал-Асад во близина на Багдад, Ирак, при што американскиот претседател се дружеше со војниците, потпишуваше автограми и ја бранеше одлуката за повлекување на трупите од Сирија.
Но, за време на патувањето, претседателот несакајќи одал доверливи информации покажувајќи ги лицата на специјалците, според магазинот „Њузвик“.
Деталите за изненадната посета на Трамп не биле објавувани, се додека тој не го завршил обраќањето кон група од 100 членови на таинствената единица вклучена во воени операции во Ирак и во Сирија.
Во одреден момент, Трамп направил селфи со еден од членовите на единицата, а потоа објавил и видео на Твитер, на кое се забележува идентитетот на одредени специјалци.
.@FLOTUS Melania and I were honored to visit our incredible troops at Al Asad Air Base in Iraq. GOD BLESS THE U.S.A.! pic.twitter.com/rDlhITDvm1
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 26, 2018
– Вистинските имиња, лицата, идентитетот на лицата вклучени во специјални операции вообичаено се строго чувана тајна во воена зона. Откривајќи ги случајно, преку невообичаено изложување во медиумите, дури и од страна на врховниот командант, би довело до несакана пропаганда, ако некој од војниците е заробен од непријателот или од терористичка група. Тогаш не би имал можност да одрекува со што се занимава – објаснува Малком Ненс, поранешниот експерт за разузнавање на американската морнарица.