Комонвелт банк, најголемата банка во Австралија призна дека ги изгубила финансиските податоци на околу 20 милиони свои клиенти, но увери дека нема простор за вознемиреност.
Комонвелт Банк соопшти дека не може да најде два диска, на кои биле имињата, адресите и бројот на сметките на клиентите, како и детали за трансакциите остварени во периодот од 2000 до 2016 година. На дисковите немало пасворди или ПИН броеви, кои би можеле да се искористат за некаква измама, соопшти банката.
Соодветните регулаторни тела беа информирани кога банката не можеше да потврди дали дисковите се уништени или не. Банката најави и независна истрага за случајот.
Локалните медиуми наведуваат дека најверојатно дисковите биле уништени по грешка.