Две години од нејзиниот прв училишен протест, активистката за животна средина Грета Турнер ги нападна „незнаењето и несвесноста“ на луѓето
Поминаа две години од првиот самостоен училишен протест на Грета Тунберг за климатските промени. Шведската активистка вели дека светот оттогаш го потрошил времето со тоа што не успеа да ги преземе неопходните активности во врска со кризата, пренесува „Гардијан“.
Штрајкот на Тунберг беше инспирација за движењето на „Петоци за иднината“, а в четврток таа и другите водечки учесници на училишните протести ќе се сретнат со германската канцеларка Ангела Меркел, која засега заседава со ротирачкото претседателство на Европскиот совет. Тие ќе бараат стопирање на сите инвестиции и субвенции за фосилни горива и воспоставување на годишни, обврзувачки буџети за јаглерод врз основа на најдобрата досегашна наука.
– Гледајќи назад кон изминатите две години, се случија многу работи. Милиони луѓе излегоа на улиците да протестираат, а на 28 ноември 2019 година, Европскиот парламент прогласи климатска криза. Но, во текот на тие две години, беа испуштени и над 80 милијарди тони јаглероден диоксид. Видовме постојани природни непогоди што се случуваат низ целиот свет. Ова е само почеток – рекоа за „Гардијан“ Тунберг и нејзините подржувачки Луиза Нобауер, Ануна де Вевер и Аделаиде Шалер.
Тие велат дека светските лидери зборуваат за егзистенцијалната криза, но кога станува збор за акција, светот сè уште е во состојба на негирање. Јазот помеѓу она што треба да го направиме и она што всушност се спроведува, постојано се проширува, а изгубени беа две клучни години благодарение на политичка неактивност, смета Тунберг.
– Факт е дека повеќето луѓе одбиваат да ја прифатат реалноста. Самата помисла дека сме во криза што не можеме да ја поткупиме за да излеземе од неа, се чини дека создава некаков колективен ментален спој. Оваа мешавина на незнаење, негирање и несвесност е сржта на проблемот – сметаат Тунберг и нејзините поддржувачи.
Сепак, пакетите за справување со кризите на владите им даваат значително поголема поддршка на компаниите за фосилни горива, отколку на оние кои нудат алтернативи за енергија со низок јаглерод.
– Планот на Германија вклучува 40 милијарди евра за климатски мерки, и беше пофален од зелените групи ширум светот. Но, во другите земји се прави премалку. Дури и децата може да видат дека денешните политики не се компатибилни со тековната најдобра достапна наука – велат Тунберг и нејзините соборци-активисти.
Научниците пресметуваат дека глобалните емисии на јаглерод мора да бидат намалени за половина до крајот на оваа деценија, за човештвото да има шанса да го задржи покачувањето на температурата да биде под 1,5 степени Целзиусови, што е границата утврдена во Парискиот климатски договор.
– Ние разбираме дека светот е комплициран и дека тоа што го бараме може да не биде лесно или да изгледа нереално. Но, многу е пореално да се верува дека нашите општества ќе можат да го преживеат глобалното затоплување кон кое одиме. Неизбежно е, ќе мора значително да се промениме. Прашање е дали промените ќе бидат според нашите услови или според условите кои ќе ги диктира природата – заклучува Тунберг.