Британските пратеници го изгласаа законот со кој се блокира брегзит без договор со Европската Унија. Ова е нов тежок пораз за премиерот Борис Џонсон.
Законот за блокада на брегзит без договор помина со 327 гласови „за“ и 299 „против“.
Претходно пратениците во првото гласање го поддржаа нацрт-законот за блокирање на брегзит без договор со 329 гласа „за“ и 300 „против“.
Носењето на законот може го присили премиерот да побара продолжување на рокот за брегзит по 31 октомври, доколку не се постигне договор со ЕУ.