Во текот на ноќта во Лондон била убиена 26-годишна трудница во осмиот месец од бременсота, а лекарите се борат за животот на бебето, објави „Ројтерс“
Полицијата добила повик од јужниот дел на Лондон околу 3:30 часот по полноќ, а на местото ја пронашле бремената жена во тешка состојба. Притоа, лекарите веднаш ја породиле и го префрлиле бебето во болница, во критична состојба.
Жената прободена со нож подоцна им подлегнала на повредите, а за наводна вмешаност во нападот уапсен е 37-годишен маж.
– Ова е страшен инцидент во кој една млада мајка го загуби животот, а нејзиното дете е во критична состојба – изјавил инспекторот Мик Норман за „Ројтерс“.
Во Лондон се случил уште еден напад во кој животот го загубил човек во доцните 20-ти години.
„Ројтерс“ информира дека британската премиерка Тереза Меј е мета на критики поради намалувањето на финансиите за полицијата и социјалната помош, за кои во јавноста се смета дека имаат големо влијание врз порастот на бројот на злосторства извршени со ножеви.