Насмевките на лидерите од НАТО, кои можат да се забележат на идиличната фотографија направена во пресрет на самитот на Алијансата во Лондон, не успеаја да ги прикријат затегнатите односи помеѓу присутните, како што посочуваат светските медиуми.
На лидерите на земјите-членки им се укажа убава можност да направат групна фотографија со кралицата Елизабета Втора. Но, што кажува нивниот говор на телото, и позицијата при позирањето за фотографијата. Се чини дека на 70-годишнината од постоењето на воениот сојуз, помеѓу некои лидери на Алијансата има, во најмала рака, нетрпение, па дури и отворен презир. Вниманието беше свртено кон нивниот говор на телото со цел да се открие што тие навистина чувствуваат еден за друг за време на самитот.
Емануел Макрон, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган се прилично оддалечени едни од други. Францускиот претседател е во разлина редица, додека американскиот и турскиот лидер се на спротивни страни. Македонскиот премиер Зоран Заев, пак, се најде веднаш до албанскиот колега Еди Рама.
На лидерската фотографија и претходеа изјави за спротиставените ставови на лидерите за повеќе прашања.
На изјавата на Емануел Макрон дека алијансата доживеала „мозочна смрт“, Доналд Трамп му се спротиствари со зборовите дека „таквиот став е навредлив за воениот сојуз“. Макрон, сепак, остана да се придружува до неговиот став. Макрон своите критики ги упати кон Турција и нејзините скорешни воени операции во Сирија, на што Трамп возврати дека треба да си ги гледаат проблемите кои се во рамки на нивната граница, како што се невработеноста во Франција.
Реџеп Таип Ердоган не остана покус. Тој го обвини Макрон дека има „површно познавање“ за ситуацијата со Исламската држава и заканите од тероризмот, завршувајќи со навреда кон Макрон дека „тој е оној што доживеал мозочна смрт“. Другите земји-членки го обвинија Ердоган, но со поблаги зборови. Сепак, најверојатно Турција нема да биде прифатена со отворени раце по купувањето на систем за воздушна одбрана од Русија.
Борис Џонсон беше внимателен со изјавите, веројатно поради политиката што ја води за брегзит. Сепак, тој, по одобрувањето од страна на Трамп, кажа дека „тие се блиски пријатели и сојузници“ и дека не треба да се мешаат во внатрешните работи едни на други.
Трамп изјави дека САД се третираат на нефер начин од страна на другите членки на Алијансата. Откако тој побара тие да издвојуваат барем два отсто од нивниот БДП за одбрана, на што позитивно одговорија само Полска, Летонија, Естонија и Грција, тоа веројатно остави 23 лидери кои не беа претерано расположени да се сликаат седејќи до американскиот претседател.
Згора, за време на самитот, дел од светските лидери беа забележани како разговараат во мала група, во која се најдоа Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, Џонсон. Непознато е што била темата на нивниот разговор, но се чини оти тие се шегуваат на сметка на Трамп.
На видео-снимката која се појави во руските и канадските медиуми, се гледа како Џонсон му се обраќа на Макрон со зборовите „тоа беше причината зошто задоцни?“, на што Трудо ги прекинува со зборовите „тој задоцни бидејќи секогаш ја користи приликата и прави прес-конференции долги по 40-минути“. Потоа зборува Макрон, кој е свртен со грб кон камерата со што не може да се слушне што кажува. Медиумите се сомневаат дека станува збор за Трамп, кој го искористи НАТО-самитот и непланирано се обрати кон светските медиуми одговарајќи на нивните прашања. В.Т.