Технолошкиот гигант ИБМ објави дека го запира развојот на технологијата за препознавање лице за да се поттикне одговорно користење на технологијата.
Оваа компанија со години е голем играч во областа на технологијата за набљудување, но тие одлучија дека сакаат да „излезат од рингот“.
Во писмото до американскиот Конгрес, извршниот директор на ИБМ, Арвинд Кришна се осврна на смртта на Џорџ Флојд, Ахмуд Арбери и Бриона Тејлор, истакнувајќи дека компанијата би сакала да соработува со власта за да се постигне расна еднаквост.
Кришна посочи дека клучните промени во политиката мора да се случат преку полициските реформи, одговорното користење на технологијата. Затоа, како што рече, ИБМ нема да учествува во создавање на технологија за препознавање лице од општа намена што може да се користи за масовно набудување.
„ИБМ остро се спротивставува и нема да одобри употреба на која било технологија, вклучително и технологија за препознавање трети лица, за масовно набљудување, расно профилирање, кршење на основните човекови права и слободи или која било цел што е во спротивност со нашите вредности“.
Веруваме дека сега е време да се започне национален дијалог за тоа дали и како треба да се користат домашните агенции за спроведување на законот и како треба да ја користиме технологијата за препознавање лице“, е дел од неговото писмо.
Минатата година, Националниот институт за стандарди и технологија (NIST) ги објави резултатите од истражувањето во кое се тврди дека системите за препознавање лице имаат поголема веројатност да прават грешки кога станува збор за Азијците или Афроамериканците отколку кога станува збор за белите луѓе.